Ако е ова првиот рецепт по кој ќе месите тесто со квасец, бидете сигурни дека нема да згрешите. Без сомневање, ова е рецептот кој нема шанси а да не ви успее…

„Мајмунски леб“ во мафин форма

By Александра Published: February 14, 2014

    Ако е ова првиот рецепт по кој ќе месите тесто со квасец, бидете сигурни …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во длабок сад за месење измешајте ги сите состојки освен брашното. Полека додајте го и брашното мешајќи со дрвена лажица или маталка од жица. Откако ќе добиете хомогена смеса, матете со миксер 10 минути на најголема брзина. Смесата е доста мека и нежна, но таква и треба да остане, не треба да се добие многу тврдо тесто.
    2. 2.Тестото оставете го да стасува околу час-час и половина, а за тоа време подгответе го делот со додатоците така што во длабок сад ќе ги измешате сите состојки заедно.
    3. 3.Спремното тесто нежно размесете го на слабо побрашнета површина, па рассукајте го во кора дебела 3-4 мм, која ќе ја исечкате на квадратчиња со димензии 3 х 3 см. Не треба да се грижите и ако малку се залепуваат тие квадратчиња бидејќи овде не се бара посебна прецизност во подготовката.
    4. 4.Скинатите парченца од тестото додавајте го во садот кај додатоците и с`е убаво размешајте. Во калап за мафини, поставете хартиени кошнички кои ќе ги полните со готовата смеса до 2/3 од висината. Доколку немате таков калап, наполнетите кошнички, редете ги една до друга во длабока тава.Јас добив 16 вакви колачиња.
    5. 5.Оставете ги покриени да стасуваат околу 40-тина минути. Имајте предвид дека тестото е со шеќер и не стасува многу брзо, затоа стрпете се и не брзајте да ги ставите што побргу во рерна.
    6. 6.Загрејте ја рерната на 175 степени и печете околу 20-тина минути или додека не добијат златно жолта боја.