Сте пробале ли некогаш да го подготвите спанаќот без многу подготвување (мнооогу е поздрав вака)? А сте пробале ли да го искомбинирате со малку пилешко месо и некои макарончиња? Повеќе од прекрасно, веерувајте ни!
Макарони со пилешко и спанаќ
By March 21, 2014
Published:Сте пробале ли некогаш да го подготвите спанаќот без многу подготвување …
Ingredients
- 1 пакување макарони
- 4 парчиња пилешки гради (околу 500-600 гр)
- 4 чешниња лук (ситно исечкан)
- 2 супени лажици путер
- 2 супени лажици маслиново масло
- 350 мл бело вино или супа од кокошка (коцка) (може и мешано)
- 250 гр млад спанаќ
- 200 гр чери домати (или обичен домат)
- 100 гр пармезан
Instructions
- 1.Сварете ги макароните согласно упатствата на пакувањето. Добро исцедете ја и тргнете ја на страна.
2.Исечкајте го пилешкото месо на парчиња, зачинете го со сол и црн пипер, а потоа ставете ги да се пржат во подлабоко тавче во кое сте ги загреале маслиновото масло и путерот.
3.Пржете неколку минути од едната страна (без мешање) а потоа превртете ги мевцата и пржете додека не добијата убава боја и не омекнат во средината.
4.Извадете го месото од тавчето, а потоа ставете го лукот, пропржете околу 30 секунди и додадете го виното или супата од кокошка. Оставете ја смесата да се вари на умерен оган додека не се намали скоро половина во волуменот.
5.Кога добро ќе изврие, изгасете го оганот, додадете ги ливчињата спанаќ и доматите исечкани на половина, потоа пилешкото месо (заедно со сосот кој се собрал во чинијата) и на крајот макароните. Испрскајте со тенки ливчиња пармезан и се добро промешајте.
6.Послужете веднаш и декорирајте со дополнителни ливчиња пармезан (ние го користевме нашето Пекорино и беше одлично)
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна