Одличен во комбинација со утринското кафе или чај за појадок, за десерт по ручек или за попладневна закуска во друштво со пријателите. Колач со мак кој плени со својот вкус.
Маков колач
By February 3, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 50 mins
Одличен во комбинација со утринското кафе или чај за појадок, за десерт …
Ingredients
- 4 јајца
- 300 г шеќер
- 100 мл масло за готвење
- 150 мл млеко
- 250 г брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- 150-200 г ситно мелен мак
- 200 мл мармалад или џем вкус по желба
- 150 г чоколадо за готвење (состојки за глазура)
- 5 лажици млеко (состојки за глазура)
- 40 г путер (состојки за глазура)
Instructions
1.Во поголем сад, со помош на мискер, изматете ги јајцата заедно со маслото за готвење.
2.Во смесата додадете го млекото и шеќерот.
3.Додадете го и ситно мелениот мак.
4.Брашното измешајте го со прашокот за пециво и додадете го во смесата. Матете се додека не добиете хомогена смеса.
5.Тавата за печење намачкајте ја со путер и истурете ја подготвената смеса.
6.Печете во загреана рерна, на 200 степени, околу 30 минути.
7.Оставете го малку да се олади, и со помош на голем нож (или конец) пресечете го тестото на надолж.
8.Премачкајте го со мармалад со вкус по желба и вратете го колачот во тавата за печење.
9.На пареа, растопете го чоколадото, додатете путер и млеко и премачкајте го колачот.
10.Оставете го да се олади, пресечете го на коцки и сервирајте го.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна