Топли или ладни подеднакво вкусни, одлични со нив да си го направите вашиот омилен сендвич. Пресечете ги на половина, наполнете со она што го имате во фрижидер и почестете се со вкусен оброк. Ако сте голем гурман и мислите дека овие мали фокачи нема да го задоволата вашиот апетит имаме и поголема солуција – интегрална фокача.
Мала фокача
By September 26, 2012
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 55 mins
Топли или ладни подеднакво вкусни, одлични со нив да си го направите …
Ingredients
- 200 г брашно
- 3 лажици маслиново масло
- 1 гранче свеж рузмарин
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 15 г печени семки од сончоглед
- 110 г топла вода
- 4 г сув квасец
- малку крупна морска сол
Instructions
1.Рузмаринот исечкајте го на мали парченца. Во поголем сад, измешајте ги сите потребни состојките за приготвување на малите фокачи. Месете се додека не добиете компактна смеса и оставете го 90 минути покриено да нарасне.
2.Нараснатото тесто поделете го на 3 дела, од секое формирајте топче а потоа обликувајте го во кружна сплесната форма.
3.Малите фокачи ставете ги на плех за печење кој е обложен со мрсна хартија. Одозгора наросете со морска сол и печете на 180 степени околу 25 минути.
4.Топлите испечените фокачи премачкајте ги со млака вода и завиткајте ги во крпа за да се здушат. Топли или ладни, подеднакво се вкусни.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна