Мафини е американско-англиско име за брз леб што се пече во мали порции. Постојат многу форми на мафини. Некогаш се во форма на мали колачиња, колачиња во чаши, колачиња во одредени облици (срциња, ѕвезди, мечиња итн.). Мафините може да бидат со сладок или пак солен вкус… Разбудете ги вашите кулинарски вештини, подготвените мафини декорирајте ги водени од вашата фантазија. Bon Apétit!
Мали и вкусни чоколадни мафини
By September 2, 2013
Published:Мафини е американско-англиско име за брз леб што се пече во мали порции. …
Ingredients
- 200 г брашно
- 2 лажици прашок за пециво
- 2 лажици какао во прав
- 150 г шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 125 г путер
- 2 јајца
- 100 мл млеко
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 180 степени. Во една чинија ставете ги брашното, прашокот за пециво и какаото и промешајте ги.
- 2.Додадете ги сите останати состојки и со миксер матете, прво на слабо, да се промешаат состојките, а потоа ставете го миксерот на најсилна брзина и матете така 2 минути.
- 3.Готовата смеса истурете ја во претходно подмачкани калапи и ставете ги да се печат. Печете на температура од 180 степени, 25 минути.
- 4. Готовите мафини можете да ги декорирате со шлаг, слатка павлака, чоколаден прелив и шеќер во прав.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна