Нема сомневање, компирите ми се најомилениот прилог. Одлично ми се сложуваат со било кое мевце, а ги сакам во сите можни варијанти. Но, ако морам да избирам, овој рецепт ми е дефинитивно во врвот на топ листата. Пробајте!
Малку поинакви печени компири
By June 13, 2013
Published:Нема сомневање, компирите ми се најомилениот прилог. Одлично ми се …
Ingredients
- 2 (поголеми) компири
- 100 г путер
- 100 г пармезан
- 50 мл павлака за готвење
- 50-60 г кашкавал (рендан)
- малку масло за готвење
- малку кисела павлака (за декорација)
- малку свеж влацес (или млад кромид)
Instructions
1.Добро измијте ги компирите и немојте да ги лупите. Со остар нож пресечете го секој компир попречно, но никако не сечете до крај. Загрејте ја рерната на 200 степени, а тавчето за печење премачкајте го со малку масло или путер.
2.Помеѓу парчињата компир внимателно ставете по едно парче путер (многу помага ако путерот го ставите во ладилник малку пред да го сечете) и пармезан. Полнете ги наизменично, прво парче путер, па пармезан, и така се до крај.
3.Ставете ги компирите во тавчето, посолете ги добро и попрскајте ги со малку лук во прав. Печете ги во загреаната рерна околу 45 минути. Откако компирот ќе се испече, посипете го со малку павлака за готвење одозгора.
4.Нарендајте од омилениот кашкавал и вратете ги компирите во рерната уште 15 минути, додека кашкавалот не се растопи. Послужете ги веднаш со малку кисела павлака одозгора. За декорација, можете да ги испрскате со свеж власец или перца од млад кромид.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна