Ако размислувате со што да ги изненадите вашите најмили за Велигденските празници оваа година, еве го вистинското решение. Релативно едноставни за правење, овие јајца сигурно ќе го дадат саканиот ефект.

Малку поинакви велигденски јајца

By Гастронаутка Published: May 6, 2013

    Ако размислувате со што да ги изненадите вашите најмили за Велигденските …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Сварете го пилешкото месо и тргнете го настрана да се олади. Тргнете и една шолја (околу 200 мл) од водата во која се вареше месото.
    2. 2.Потопете го желатинот во 200 мл зовриена вода и оставете го настрана некое време да се раствори.
    3. направете дупка на јајцето и извадете ја содржината3.Добро измијте ги јајцата со сода бикарбона. Потоа направете дупка во долниот дел од јајцето (спротивно од врвот) со дијаметар околу 1,5-2 см и внимателно истурете го јајцето од лушпата во подлабок сад.
    4. 4.Растворете уште малку сода во вода и потопете ги лушпите од јајцето. Оставете ги да постојат така барем 1 час, а потоа добро измијте ги под славина.
    5. 5.Растворениот желатин измешајте го со водата во која се вареше пилешкото месо, или само додадете обична вода.
    6. наполнете ги лушпите6.Исечкајте го пилешкото месо (или шунката) на коцки, а исто така и црвената пиперка. Ставете ги внимателно коцките во лушпите од јајца, а потоа додадете по неколку зрна пченка, грашок и по некое ливче магдонос.
    7. 7.Одозгора посипете со растворениот желатин. Ставете ги полнетите лушпи во фрижидер преку ноќ, а утредента излупете ги и послужете ги овие необични велигденски јајца. 10) Pour the broth with gelatin into the egg shells. Refrigerate overnight, then peel the shell and enjoy!