Модерно спакуван, изворедно вкусен. Типичен македонски производ кој по многу нешта се издвојува од се она што може да се најде на домашниот пазар. MAMA’S, бренд кој освојува со интересното име, но и со префинетиот вкус и одличната бизнис стратегија, со чија помош се наметна како производ на кој не можете да му останете рамнодушни и да ги спречите вашите дланки да посегнат по уште една тегла плус.

Која е приказната на брендот наречен MAMA’S, колку време е присутен на домашниот пазар и каде се можат да се купат вашите производите?

Приказната за тоа како е родена идејата за MAMA’S на сите од тимот ни е многу драга и уживаме да ја раскажуваме. Почнува со еден „типичен“ македонски бизнис состанок, со полна трпеза, на тројца пријатели (Бобан, Петар и Калин) во позната скопска кафана. Низ разговор за ајварот послужен на масата, полека почнуваат да се препираат за тоа чија мајка прави најдобар ајвар! Полека, оваа идеја се развива во концепт за ова што е денес MAMA’S, а целата приказна ја има на нашиот веб сајт (www.mamasfood.mk) може да ја погледнете. Се поставуваат предизвиците, за Македонија најважниот: дека ајвар не се јаде само во зима и дека ајвар не се јаде само со сирење, а за надвор од Македонија: како да го конзумираат оние што не го знаат? Со сите активности во Македонија, се трудиме да ја смениме таа навика, а надвор од Македонија, да им покажеме на нашите потенцијални конзументи што е ајвар и како може истиот да се конзумира. Патот на брендот е поставен, се движиме по една емотивна патека, каде сè ќе се врти околу концептот на домашно, рачно направено. И оваа сезона на зимници MAMA’S е достапен на полиците во македонските маркети, сезона како внимателно ја спремаме вашата зимница. Како премиум производ, стратегијата на MAMA’S е да биде присутен во големите ланци на маркети, па затоа и може да се најде само во сите поголеми ланци во Македонија.

Освен познатиот ајвар, понудата опфаќа и малиџано, лутеница, а од неодамна и слатко од диви смокви со ореви и слатко од киви . Колку беше тешко да се убедат купувачите да се одлучат да купат ајвар или некој друг производ кој не е направен во домашни услови, најчесто од мама или баба?

MAMA’S производите се направени според внимателно одбрани рецепти, па затоа и секој производ си има своја мајка од која е и самиот рецепт. Со самото тоа, MAMA’S производите се подготвуваат според традиционалните начини на подготвување на вакви производи. Самиот бренд си кажува, ова е мамин производ!
Од друга пак страна, светските трендови кажуваат дека денешните домаќинки имаат сè помалку време за приготвување оброци во текот на денот, а да не збориме за подготвување на зимница. Следејќи го ова, на сите ни недостасува да си отвориме една тегла и да ја снема за доручек со семејството.
Знаејќи го ова во предвид, и знаејќи го квалитетот на MAMA’S, спроведовме серија на дегустации под мотото „Доволно е да пробаш само еднаш!“. Кога купувачите се уверија дека ова е најдобрата алтернатива на ајварот од нивните мајки и баби, сè си дојде на свое место. Да повториме, не ни е целта да се бориме со ајварот на мајките и бабите, тој секогаш ќе биде за вас најубав, но во случај да не ви приготвиле – MAMA’S ве чека спремен во текот на целата година.

Мамас производиОна што прво паѓа во очи е одличниот дизајн на сите продукти. Колку овој сегмент од вашата бизнис стратегија ви помогна побрзо да го освоите пазарот и да се приближите до помладите купувачи кои освен неприкосновен вкус, очекуваат и естетско пакување?

Дизајнот на пакувањето беше полн погодок и многу олеснителна околност во процесот на привлекување внимание, во оној клучен момент, кога купувачот се наоѓа пред рафтот и се мисли кон што да посегне. Ова не важи само за македонскиот пазар, туку и за сите други каде сме присутни – реакциите од сите се исти. Она што сега е пакувањето на MAMA’S е успешна реализација на приказната која ја носи, па така визуелниот идентитет предизвикува асоцијации на неколку фронта. Некои од купувачите го памтат како „ајварот со весничето“ некои „аха да, ајварот на мама Марија“ а некои пак во глава им останува името, лесно за памтење и погодно за интернационалниот пазар. Неизмерно сме благодарни на студиото од Србија кое го изработи дизајнот, а тие на нас за брифот кој им го дадовме каде убаво беше објаснета приказната на МАМА’S.

Освен во Македонија, MAMA’S упорно го промовира ајварот како македонски бренд и на странските пазари? Колку сте успешни во овој обид да допрете и да ги освоите пребирливите купувачи и кои се земјите кои ви се примарен таргет?

MAMA’S е присутена во многу земји во светот! Надвор од земјата го имаме истиот предизвик како и дома, со пребирливите купувачи. Македонците како најдобри „критичари“ за ајвар, а странците пак бидејќи не се запознаени со овој тип на рецепти кога пробуваат не знаат што да очекуваат. Како што спомнавме, на странските пазари се соочуваме со ситуација кога еден Маркус од Шведска ќе си купи МАМА’S и нема идеја како се јаде. Затоа се трудиме да едуцираме, кои се можните начини за комбинирање на намазите од пиперка, а да не е тоа класичното со бело сирење. Се се врти околу едукација на нашите конзументи, па затоа и целата енергија е најмногу насочена кон таа едукација. За тоа да го направиме користиме секакви видови на медиуми и начини и мислам дека успеваме во тоа што го правиме! MAMA’S се продава како ајвар!

Кои се плановите на MAMA’S за во иднина? Каде ќе бидат насочени вашите главни потенцијали, може ли да очекуваме некои нови производи, новитети…

MAMA’S треба да биде на масата на секој гурман на светот! Тргнувајќи од таму, сите активности се насочени кон една цел! Многу ни е важно да имаме потрошувачи кои прв пат се среќаваат со овој тип на производи, а во исто време да ги задржиме задоволни оние кои се растени со ајвар, малиџано, лутеница.. Тоа ќе го постигнеме само со посветеност и со прилагодување на барањата на пазарот. Нови производи секако ќе има, можеби и сосема нови категории, но секогаш ќе ги спојуваат две работи: приказната и квалитетот на MAMA’S.