Сите знаеме дека во овие зимски денови е важно во организмот да се внесува што е можно повеќе витамин Ц, а овој витамин најмногу го има во цитрусното овошје како мандарините, портокалите, лимонот и грејпфрутот. Бидејќи сезоната на ова овошје е во полн ек, треба истата максимално да ја искористиме. Затоа, задолжително ставете барем неколку вакви овошки на вашето дневно мени.

Во 100 г мандарини има само 34 kcal, и 30 mg витамин Ц, што е дупло повеќе од количината што ја има во портокалите, а освен тоа мандарините содржат и бета-каротен со чие разградување се добива витамин А кој пак е многу важен за видот и убавата кожа. Мандарините содржат и фолна киселина, калиум, железо, магнезиум, витамини Б1, Б2 и Б3, како и диетални влакна кои се важни за балансирање на системот за варење. Според истражувањата, со конзумација на мандарини можете да го намалите ризикот од сцеви удари, дијабетес, мозочни удари. Нобилетинот, пигмент кој се наоѓа во кората на мандарината е десет пати појак од оној кој се наоѓа во кората на грејпфрутот.

Нобилетинот исто така се покажал како делотворен во намалување на ризикот од артериосклероза и зголемување на крвниот притисок, што може да доведе до срцеви и мозочни удари. Значи, важно е кората на мандарините да не се фрла ако се работи за непрскано овошје. Ако е прскано, какво што впрочем и е во 99% од случаите, добро и темелно измијте ги мандарините со обичен сјај за садови, а потоа внимателно исплакнете ги. Потоа исечкајте ја и исушете ја кората и можете да ја додавате во колачи, компоти, чаеви, па дури и во купки за бањање. Етеричните масла кои ги има во кората на мандарината делуваат на регенерацијата на оштетената кожа и отстрануваат несоница, а освен тоа имаат и антисептичко и тонизирачко дејство.