Ја познавате како презентер на вести на Македонската телевизија, а од неодамна има нова улога, дел е од тимот танчери во шоуто танц со твездите. Маријана Димовска, млада и харизматична девојка, денешниот наш гост во рубриката ме Менито на.

Кога се работи за храна, моето мото е “Јадам за да преживеам” но тоа не значи дека не уживам во јадењето. Имам навистина многу обврски во текот на денот, затоа често пати се случува да јадам од нога, но моментите седната на маса со полни чинии и долги разговори при предјадењето е она вистинското, вели Маријана.

За неа појадокот е главниот оброк во текот на денот. Бидејќи станува многу рано, најчесто денот го започнува со подготовка на житарки и тоа додека се вари утринското кафе. Житарки, кафе и една банана е нејзиниот најчест појадок.

Што се однесува до ручекот, тој за неа од посебен ритуал. „Од мала заедно со брат ми навикната сум да ручаме во 16:30 тогаш татко ми пристигнува од работа, а јадењето е подготвено од вештите раце на мојата мајка и не чека на маса. Но, со тек на годините навиките се сменија. Сега живеам сама и ручекот е во 16 часот, пред да заминам на работа. Се обидувам барем четири пати неделно да имам супа како предјадење. Задолжително парче пилешко месо или пак риба и сето тоа со варен компир, морков или пак омилената брокула. Да, сакам брокула, според мене таа е кралица на зеленчукот, не само затоа што е вкусна, туку и е многу здрава„ објасни Маријана.

Димовска
За тоа дали е посебно вешта во куната вели дека иако не важи за врвен експерт има неколку јадења кои со задоволство ги приготвува. На пример ориз со зеленчук, мусака, некоја лесна чорба, се зависно од времето кое го имам дента. „Благодарение на мајка ми, научив да готвам, па сега кога живеам сама е лесно да се хранам здраво. Не можам да не споменам дека италијанската храна е мојата специјалност.Тестенини на 101 начин, подготвени од маестро Маријана. Салатите исто така. Инаку нема јадење кое што не ми се допаѓа. Кога сум некаде на ручек сакам од се да пробам, а се задржувам на највкусното. За вечера која е некаде околу 20:30 знам да си дозволам парче добро сирење и пршут, а сето тоа со чаша бело или црвено вино.

За свој најголем гастрономски порок таа го посочува благото. Обожава пудинзи, вкусни филови за торта и колачиња, но сето тоа се труди да го конзумира совесно и без претерување. Не брои калории, но внимава да не јаде многу касно и особено да не јаде многу леб, кој во никој случај не смее да биде топол, односно тазе испечен.

Нејзинaта иделна вечера мора да биде подготвени до посилниот пол или од партнерот, бидејќи се восхитува на мажи кои се снаоѓаат вешто во кујна.

Омилен ресторан-Џино
Омилен пијалок -чаша бело вино, чај од брусница, сок црна рибизла
Омилена салата-Цезар
Омилено овошје-јагоди, за жал ги нема преку цела година