Јадења со џигер секогаш се прав деликатес. Особено добро подготвен и мариниран кој изболува со вкусови. Денес приготвив испржен црн дроб со сос од павлака. Добар апетит.
Мариниран црн дроб
By November 8, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 40 mins
Јадења со џигер секогаш се прав деликатес. Особено добро подготвен и …
Ingredients
- 450 г јунешки црн дроб (исечен)
- 500 мл млеко
- 80 г путер
- малку брашно (за валкање)
- 80 мл павлака
- 1 главица кромид
- 2 пиперки
- 1 коренче целер
- 1-2 чешнина лук (ситно исечкан)
- малку сол, црн пипер
Instructions
1.Јунешкиот црн дроб исечете го, измијте го и ставете го во сад полн со млеко. Оставете го да се маринира барем еден час. На овој начин џигерот ќе биде посочен и нема да се исуши при пржење.
2.Во меѓувреме, исечканиот кромид, црвената како и жолтата пиперка запржете ги на малку масло за готвење. Зачинете ги по желба.
3.Во истата тава, на оган, растопете го путерот. Маринираниот џигер извалкајте во брашно и пржете го во загреаната тава.
4.Испржен, тргнете го настрана, во истата тава додадете ја павлаката и промешајте.
5.Џигерот сервирајте го, зачинете го сол, црн пипер и сечкан лук и врз него истурете од подготвениот сос. Гарнирајте го со претходно подготвениот зеленчук.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна