Во периодот кога има превкусни и евтини домати навистина е жал да не се искористи ова богаство. Ова е само еден начин на кој може да ги  конзервирате на доматите и вака складирани во текот на целата зима да уживате во нивниот вкус.

Маринирани домати

By Мама Лиле Published: October 30, 2015

    Во периодот кога има превкусни и евтини домати навистина е жал да не се …

    Ingredients

    Instructions

    1. Домати1.Мерките не се дефинирани затоа што зависи какви домати ќе се изберат. Јас маринирав шери домати. За две тегли ми беше потребно околу 1 кг. Доколку се одберат покрупни домати тие заземаат поголем простор па во тој слушај пожелно е доматите да се маринираат во поголема тегла.
    2. Зачини2.Од зачини може да се употребат оние кои вам ви одговараат. При маринирање на домати многу често се употребуваат следните зачини: лист и корен од рен, лист од вишна, листови од целер, копар, зрна од синап, зрна црн пипер, лук, каранфилче, некои ставаат дури и кромид. Значи, зачините си ги избирате сами.
    3. Наполнети тегли со домати3.На дното на теглата се става 1 чешне лук, ½ лажичка синап, ½ лажичка црн пипер, измиен лист од рен, измиено ливче од вишна. . Теглите се полнат со доматите колку што можно покомпактно. Теглите со доматите се залеваат со зовриена вода и се оставаат така да стојат 15-20 минути.
    4. Сол и шеќер4.Водата се истура и во секоја тегла се додава по 1 лажичка сол и 2 лажички шеќер, повторно се залеваат со зовриена вода, оставајќи малку место за 2-те лажици вински оцет кој ги додаваме на крај.
    5. Превртени тегли5.Теглите веднаш се затвораат со капакот и се превртуваат наопаку. Така се оставаат додека потполно се оладат. Теглите се чуваат на ладно место но е не е потребно да се чуваат во ладилник.
    6. Маринирани домати6.Можеби не сте знаеле дека листовите од вишна поседуваат антисептички особини. Токму затоа тие се користат во народната медицина, а во кулинарството се употребува при конзервирање, киселење, маринирање на некои зеленчуци. Токму затоа и во овој рецепт, во теглата се става едно ливче лист од вишна. И уште нешто, од листовите се добива одличен витамински чај. Чајот од листови е одличен диуретик.