Зошто да не си направите газирана лимонада во домашни услови? Ако сте мераклии на ваквиот тип на пијачки ова е правиот уред за вас. Хај тек машина за газирање наречена SodaStream Revolution која во вашата дневна или кујна ќе ви помогне да си направите т.н „ждриговача“ за мерак.
На располагање имате неколку интересни бои, дизајнот е одличен, а она што посебно е добро е што можете да го одберете степенот на газираност – Low, Medium, High и Turbo. Машината е опремена со LED дисплеј на кој се мониторира процесот на газирање и количеството на CO2. Цената за сега не е објавена, но се очекува да чини нешто повеќе од 150 евра.