Се туфкам и се мислам, да ви кажам право, кој викенд да си го упропастам и да се посветам на правење на јуфки. Па сезона им нели? Само што не ми се почнува, кога ќе ми текне дека ми требаат два дена за да завршам. Прво месење (со тврдо тесто знаете колку тешко оди), па едно влечење, па друго влечење, па сечкање, и уште, згора на тоа, неколку сушења помеѓу! А и ова машинчево што го имам (види горе десно :)), мака жива! Врти, врти, па раце ќе ти отпаднат само од вртење!

Наместо, будала јас, да си ја купам оваа машинка за тестенини! Мераци, ем си го меси тестото, ем ти вади не две, не три, туку 14 различни видови на тестенини: лингвини, фетучини, ригатони, таљатели, шпагетини, шпагети, папардели, вермичели, лазањети, букатини, и уште пар други што ми е тешко и да ги изговорам, а камо ли па да ги напишам!

И така, си седиш на тераса и си пиеш кафе со комшиката, а во кујна ти се прават секакви чуда! Добро де, одвереме навреме ќе станеш да ги поднаместиш за сушење, ама се на се, нема мака! Бре, што е убав овој живот!