Класика која воодушевува со аромата и вкусот. Одличен рецепт на Вања, кој и ние го приготвивме и се уверивме во нејзината препорака. Одличен десерт за било кој период од денот.

Медена пита

By Валентина Крстевска Published: March 24, 2014

    Класика која воодушевува со аромата и вкусот. Одличен рецепт на Вања, кој …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Препорачувам прво да се подготви филот. Брашното, шеќерот и ванилата, со 200 мл млеко измешајте ги во смеса без грутчиња. На тивок огон зовријте го преостанатото млеко, па преку цедалка во него дадајте ја смесата со брашното. На многу тивок оган, при постојано промешување, варете додека да се згусти кремот (како густ пудинг). Оваа смеса многу лесно загорува, затоа пожелно е кремот по можност да се вари во ростфрај сад. Прекријте го кремот со пластична фолија и оставете да се олади. Во пенасто изматениот маргарин, лажица по лажица вмешајте го оладениот крем.
    2. 2.За кремот имам испробано и други варијанти и заклучив дека, иако е малку чудно што се подготвува со брашно, сепак така подготвен, колачот има најубав вкус.
    3. 3.За тестото, најпрво цврсто се матат јајцата. Над пареа се мати маргаринот со медот, шеќерот и сматените јајца. Во топлата смеса, се додава брашното и содата. Се мати само кратко со миксерот, а потоа се продолжува да се меси. Иако е малку лепливо, не грижете се, само замоткајте го во пластична филија, па на час до 2, оставете го во фрижидер. Потоа се дели на 4 еднакви дела (мене ми излезе 760 гр.тесто кое го поделив на 4 корички по 190 гр.)
    4. 4.Измерете ја димензијата на дното од вашата тава од рерната. Корите расукајте ги на димензија која е отприлика за 1/2 помала од димензијата на таа тава. Најлесно е корите да ги формирате меѓу 2 слоја пластична фолија или во ќесички со димензија која ќе одговара на 1/2 од димензијата на тавата за печење. Зошто? За да заштедите во времето за печење и подготовка.
    5. 5.Загрејте ја рерната на 175 степени. Поставете ги корите на листови хартија за печење, поставете ги по 2 одеднаш на превртена тава за печење и печете најмногу 8 минути. Веднаш по печењето, одвојте ги корите од хартијата и поставете ги на друга хартија да се ладат. Тестото е бисквитно, лесно кршливо и доколку не ги одвоите веднаш од хартијата, подоцна може лесно да се скршат.
    6. 6.Корите поставете ги на рамен сад за колач.Оладениот крем поделете го на 4 еднакви делови.Премачкајте ја првата кора со крем,преку неа поставете ја втората,повторно премачкајте крем,поставете ја третата,сега ПРВО ПРЕМАЧКАЈТЕ џем од кајсија, па крем.Поставете ја и четвртата кора,и неа премачкајте ја со крем и оставете го колачот да омекне десетина часа.
    7. Медена пита7.Напомена: корите се толку кршливи што е невозможно да се сече колачот пред убаво да омекне, но откако ќе отстои се сече лесно, без да се помрднува како да сечете обичен еднослоен колач. Препорачувам колачот да се сече на парчиња 2,5 х 5 см.