На сите МиГустовци и на сите кои го сакаат овој сајт, им ја честитам Новата година.

(при приготвување на овој рецепт, Валентина користи зачин за медењаци која сами  го подготвува. Рецептот може да го видите на следниот линк: http://migusto.mk/zacin-za-medenjaci/.

Медени колачиња

By Валентина Крстевска Published: December 31, 2013

    На сите МиГустовци и на сите кои го сакаат овој сајт, им ја честитам …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Се загрева медот со путерот,па се остава малку да се олади.
    2. 2.Се матат јајцата, се додаваат шежерот во прав, зачинот,содата и водата. Се додава медот со путерот, а на крајот и малку по малку од просеаното брашно. Сето ова убаво се изработува со рака околу 10-15 минути. Треба да се добие нежно малку лепливо тесто кое подсетува на пластелин.
    3. 3.Тестото се остава завиткано во најлонска фолија во фрижидер преку ноќ. Може да стои и повеќе денови во фрижидер и да се користи по потреба.
    4. 4.По вадењето од фрижидер,се остава 10-15 минути малку да се стопли на собна температура. Се земаат делови од тестото, се развлекува кора дебела 3-5 мм меѓу 2 слоја најлонска фолија, а потоа со помош накалапи се вадат форми.
    5. 5.Колачињата се печат на 180 степени околу 8 минути (внимавајте, тестото многу брзо може да изгори).
    6. 6.По желба, одозгора може да ги цртате со различни мотиви.
    7. 7.За смесата за цртање, шеќерот во прав просејте го преку дел од најлонски хулахопки,најмалку еднаш.Најпрво убаво изматтете ја белката, а потоа додајте ги и другите состојки и префрлете дл од смесата во најлонска кесичка на која ќе и отсечете мноогу мало отворче.