Зачинети грицки кои освен што ќе ја задоволат вашата глад, верувајте ќе го потикнат и вашето либидо. Мед, бадеми и малку црвено пиперче. Феноменалноооооо
Медени зачинети печени бадеми
By December 9, 2012
Published:- Prep: 5 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 15 mins
Зачинети грицки кои освен што ќе ја задоволат вашата глад, верувајте ќе …
Ingredients
- 250 г бадеми (непечени)
- 30 г кафеав шеќер
- 65 г мед
- ½ лажичка црвен пипер
- ½ лажичка сол
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 160 степени. Обложете ја тавата со хартија за печење. Измешајте го шеќерот со солта.
- 2.Растопете го медот на тивок оган. Во поголем сад ставете бадемите, додадете го медот и зачинете со црвениот пипер.
- 3.Бадемите убаво промешајте ги. Распоредете ги во тавата во еден ред и печете околу 10 минути.
- 4.Откако малку ќе се оладат одозгора наросете од мешавината на кафеав шеќер и сол. Нека се оладат уште малку и послужете ги во убаво декоративно садче.