Вистинско уживање и радост за најмалите… и благодариме на нашата читателка Клара Бос за овој рецепт.
Медењаци
By January 16, 2013
Published:Вистинско уживање и радост за најмалите... и благодариме на нашата …
Ingredients
- 750 г брашно
- 250 г мед
- 150 г маргарин
- 120 г шеќер
- 2 јајца
- 1 кесиче прашок за пециво
- 5-7 лажици млеко
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка ѓумбир
- 1/2 лажичка мускантно оревче
- 1/4 лажичка каранфилче
- 50 г мелени ореви
- 1 лажица рум
- 1 белка состојки за Ројал смеса
- 200 г шеќер состојки за Ројал смеса
- 1 лажица винска киселина состојки за Ројал смеса
Instructions
- 1.Медот пожелно е да е течен. Ако е зашеќерен (ферментиран) тогаш стопете го на рингла на многу мала температура во огноотпорен сад или со правилната процесура за топење на мед ставајќи ја тегличката во поголем сад со вода и на мала температура загревајте додека се растопи.
- 2.Јајцата со жица за матење благо разматете ги.
- 3.Измешајте ги најпрво сувите состојки, па потоа додадете го маргаринот месејќи и едно по едно течните за на крај да завршите со млекото кое и ќе ја регулира компактноста на тестото.
- 4.Оставете го тестото во фрижидер 1 час.
- 5.Одмореното тесто развлечете го во кора од 3-5 мм дебелина и сечете со калапчиња фигури за медењаци.
- 6.Редете ги во подмачкан или обложен плех со пек хартија и печете на 180 степени некои 10на минути, односно додека благо не потемнат.
- 7.Печените медењаци оставете добро да се изладат.
- 8.Спремете ја ројал смесата за премачкување така што со жица за матење ќе ги разбиете белките до степен како за омлет (не во шам) и потоа мешајќи постепено ќе го додавате шеќерот во прав и на крај киселината.
- 9.месата поделете ја на повеќе дела во зависност од тоа колку бои мислите да мешате и обојте ја, па шарајте ги медењаците и оставете на крај добро да се исушат.
- 10.Уживајте во вкусот на зимата со овие медењаци и израдувајте ги најмалите, така што додека сечите фигури на едниот крај правете им мали дупчиња низ кои на готовите медењаци ќе провните украсен конец и ќе им ги подарите како лампиони.