Уште еден фантастичен рецепт, овој на Лилјана која не изненади со меснати округлици со приготвени медитерански шмек.
Медитерански меснати округлици
By May 24, 2013
Published:Уште еден фантастичен рецепт, овој на Лилјана која не изненади со меснати …
Ingredients
- 600 г мешано мелено месо
- 1 кесичка ФАНТ мешавина за подготовка на ќофтиња
- 100 мл зејтин
- 1/2 лажичка рузмарин (ситно исечкан0
- состојки за сосот
- 50 мл маслиново масло
- 1 тиквичка
- 1 главиц кромид
- 1 црвена пиперка
- 2 црвени патлиџани
- 50 мл бело вино
- 1 лажичка свеж босилок (ситно исечкан)
- 2 лажички вегета
Instructions
- 1.Фантот спремете го спрема упатствотото на кесата. Додадете го во месото- додадете сецканиот рузмарин и целото тоа измешајте го добро,нека одстои 10 мин.
2.На загреано маслиново масло ставете да се кратко пропржи сецканиот кромид и пиперката, додадете ја тиквичката исечена на коцкии заедно пржете околу 10 мин. Додадете го исечениот патлиџан - кратко пропржете, додадете вегетата, виното и сецканиот босилок, кратко пропржете да се спојат вкусовите.
3.Од добиената смеса од месото и фантот со влажни раце земајте и правете мали округлици, ставете да се пржат во загреан зејтин околу 10 мин. Извадете на салвета да се впие вишокот на маснотија доколку таква има.
4.Сервирајте ги во чинија во која сте го ставиле прво веке готовиот сос, врз него округлиците, послужете со препечен леб.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна