Секогаш е згодно дома да се има по некоја тегла домашен органски мед кој освен што е изворедeн по многу нешта, нуди многу можности и инспирира да се искористи и со него да се направи некој посебен десерт. Оваа медова торта е токму таков рецепт.

Многу сме среќни што медовникот испадна она како што го замислувавме. Бидејќи самата постапка е малку компликувана пред се заради подготовката и печењето на корите, се плашевме да не го добиеме посакуваниот резултат.

За наша среќа како што можете да видите и на фотографиите добивме совршени слоеви на кои можат да ни позавидат и познатите пекари и слаткари. Што се однесува до самиот вкус на тортата, тешко можат да се најдат зборови да се опише колку е добра.

За да се доживее тоа чувство ќе мора самите да ја направите. Најблиските наши го имаа тоа задоволство. Најчестиот коментар беше дека ова е една од најдобрите торти кои имале можност да ја пробаат во последно време. А, зарем има подобар комплимент од најблиските кои секогаш се најдобрите критичари и секако поддржувачи во ова што ние го правиме.

Кога тортата ќе ја снема до последно парче за само еден ден, тогаш е јасно зошто од се срце ви ја препорачуваме. Ставете го овој рецепт во графата омилени и во прва прилика кога ќе бидете расположени за подготвување десерт направте го токму овој. Секоја минута потрошена во кујна ќе ви се исплати. Ќе уживате во секое залаче насладувајќи се на вкусот на овој десерт кој со сигурност денот ќе ви го направи поубав.


Рецептот го приготвија и фотографираа Ана&Зоран Зафировски. Забрането превзмемање на оваа содржина без согласност на авторите! 

Медов колач

Состојки:

  • 585 г брашно
  • 1 мала лажица сода бикарбона
  • 1 голема лажица какао
  • 140 г шеќер
  • 80 г путер
  • 2 голема лажица млеко
  • 70 г мед
  • 240 мл вода
  • 1 јајце

Фил:

  • 1.5 кг кисела павлака (со 20% масленост)
  • 400 г прав шеќер

Подготовка:

  1. Земете поголемо парче хартија за печење и свиткајте ја на пола. Со помош на линијар, измерете ги страните и нацртајте правоаголник со димензии 31 x 28 сантиметри и свиткајте ги страните.
    Медов колач
  2. Рерната загрејте ја на 180 степени.
  3. Во помал сад, ставете ги шеќерот, путерот, медот, млекото и водата, и на средна температура мешајте се додека шеќерот не се растопи.
  4. Тргнете го садот од оган, додадете го јајцето и добро измешајте.
  5. Просејте го брашното заедно со сода бикарбоната и какаото и измешајте ги со смесата со мед. Тестото, додека е се уште топло, поделете го на 5 еднакви парчиња.
  6. Секое парче тесто, додека е се уште топло, ставете го во средина на хартијата за печење, поклопете ја и сукајте го внатре во правоаголникот. Внимателно, расукајте го од крај до крај, така да добиете убав правоаголник.
    Медов колач
  7. Отворете го правоаголникот, горниот дел од правоаголникот свиткајте го и ставете го врз долниот и заедно со се хартија ставете го врз тава за печење.
    Медов колач
  8. Печете 5 до 6 минути или краевите на кората не добијат златно кафена боја. Отстранете ја хартијата за печење и кората покријте ја со крпа.
    Медов колач
  9. Повторете ја постапката со останатите кори притоа не заборавајќи да ги покриете со крпа. Совет: тестот додека е ладно тешко се сука. Најлесен начин да го затоплите е да го завиткате во растеглива фолија и да го стоплите дваесетина секунди во микровална печка.
    Медов колач
  10. Во поголем сад измешајте ја павлаката со прав шеќерот.
  11. Секоја кора рамномерно намачкајте ја со ¼ фил, така што последната кора да остане не намачкана. Внимателно, при секое редење, малку притиснете ја горната кора за добро да се залепи со филот.
  12. Колачот покријте го со растеглива проѕирна фолија, ставете го во фрижидер и оставете го барем 5-6 часа или пак преку цела вечер. Откако корите ќе омекнат, колачот непокриен ќе остане сочен барем цела недела
    Медов колач
Медовник
Секогаш е згодно дома да се има по некоја тегла домашен органски мед кој освен што е изворедeн по многу нешта, нуди многу можности и инспирира да се искористи и со него да се направи некој посебен десерт. Оваа медова торта е токму таков рецепт.
Write a review
Принт
Време на подготовка
50 min
Време на готвење
30 min
Вкупно време
1 hr 20 min
Време на подготовка
50 min
Време на готвење
30 min
Вкупно време
1 hr 20 min
Состојки
  1. 585 г брашно
  2. 1 мала лажица сода бикарбона
  3. 1 голема лажица какао
  4. 140 г шеќер
  5. 80 г путер
  6. 2 голема лажица млеко
  7. 70 г мед
  8. 240 мл вода
  9. 1 јајце
Фил
  1. 1.5 кг кисела павлака (со 20% масленост)
  2. 400 г прав шеќер
Подготовка
  1. Земете поголемо парче хартија за печење и свиткајте ја на пола. Со помош на линијар, измерете ги страните и нацртајте правоаголник со димензии 31 x 28 сантиметри и свиткајте ги страните.
  2. Рерната загрејте ја на 180 степени.
  3. Во помал сад, ставете ги шеќерот, путерот, медот, млекото и водата, и на средна температура мешајте се додека шеќерот не се растопи.
  4. Тргнете го садот од оган, додадете го јајцето и добро измешајте.
  5. Просејте го брашното заедно со сода бикарбоната и какаото и измешајте ги со смесата со мед. Тестото, додека е се уште топло, поделете го на 5 еднакви парчиња.
  6. Секое парче тесто, додека е се уште топло, ставете го во средина на хартијата за печење, поклопете ја и сукајте го внатре во правоаголникот. Внимателно, расукајте го од крај до крај, така да добиете убав правоаголник.
  7. Отворете го правоаголникот, горниот дел од правоаголникот свиткајте го и ставете го врз долниот и заедно со се хартија ставете го врз тава за печење. Печете 5 до 6 минути или краевите на кората не добијат златно кафена боја. Отстранете ја хартијата за печење и кората покријте ја со крпа.
  8. Повторете ја постапката со останатите кори притоа не заборавајќи да ги покриете со крпа. Совет: тестот додека е ладно тешко се сука. Најлесен начин да го затоплите е да го завиткате во растеглива фолија и да го стоплите дваесетина секунди во микровална печка.
  9. Во поголем сад измешајте ја павлаката со прав шеќерот.
  10. Секоја кора рамномерно намачкајте ја со ¼ фил, така што последната кора да остане не намачкана. Внимателно, при секое редење, малку притиснете ја горната кора за добро да се залепи со филот.
  11. Колачот покријте го со растеглива проѕирна фолија, ставете го во фрижидер и оставете го барем 5-6 часа или пак преку цела вечер. Откако корите ќе омекнат, колачот непокриен ќе остане сочен барем цела недела.
Забелешка
  1. Рецептот го приготвија и фотографираа Ана&Зоран Зафировски. Забрането превзмемање на оваа содржина без согласност на авторите!
MiGusto.mk - Мој живот. Мојот вкус! http://migusto.mk/