Секогаш имам проблем со количината кога правам шпагети. Колку да ставам за еден човек, или за двајца? Колку за повеќе? Морам да ви признаам дека во принцип никогаш не погодувам, што значи дека следниот ден морам пак  да се справувам со остатоци (а справувањето обично значи фрлање, нели?)

По долгогодишно соочување со овој проблем, кога за малку ќе се откажев од правење шпагети, конечно го најдов решението. И тоа кај нашите пријатели од Карес кои имаат многу корисни алатки како да ви го направат готвењето поедноставно, но истовремено и позабавно.

Оваа ултра корисен и естетски мерач можете да го најдете во продавницата на Карес, но и во сите поголеми маркети. Ако вие го немате овој проблем со дозата за шпагети и сметате дека нема да ви користи, тогаш искрено го препорачуваме за подарок. Верувајте ќе израдувате некој од вашите најблиски.