Време за брзи и лесни јадења, а пилешкото месо особено ни се погоди периодов, и тоа во секакви варијанти. Дополнителен плус е што ова јадење е и страшно декоративно, покрај тоа што е страшно вкусно. Имајте убав ден!

Мераклиски пилешки ролнички Recipe

By Гастронаутка Published: November 14, 2013

    Време за брзи и лесни јадења, а пилешкото месо особено ни се погоди …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Исечкајте ја сланината на коцки и ставете ја да се подзапржи во тавче без масло. Кога ќе ја смени бојата извадете ја и ставете ја врз кујнска хартија да се упие вишокот маснотија.
    2. 2.Во истото тавче додадете околу една супена лажица маслиново масло и ставете ги кромидот исечкан на ситни коцки, печурките исечкани на ливчиња и ситно издробеното лукче да се пржат околу 5 минути со постојано мешање.
    3. 3.Извадете ја испржената смеса во посебен сад и оставете ја да се олади. Кога ќе биде оладена, додадете ја сланината, сирењето или рикотата, магдоносот, ориганото и босилекот и зачинете со сол и црн пипер. Убаво измешајте.
    4. затворете ги ролничките со чепкалки4.Ставете едно по едно парче пилешки гради во поголема кеса и врз даска исчукајте го со кујнски чекан за месо да се истенчи убаво. Посолете ја секоја страна од месото и ако сакате додадете и малку црн пипер, а потоа со лажица распоредете ја приготвената мешавина во средината на месото. Завиткајте го месото како ролат и зацврстете го со чепкалки за заби.
    5. 5.Пржете ги ролните со постојано вртење додека убаво не заруменат од сите страни (околу 10-тина минути).
    6. 6.Кога ќе се испржат, извадете ги од тавчето и оставете ги во сад или чинија што убаво ќе ја затворите со алуминиумска фолија. Оставете ги да постојат така затворени околу 5 минути, а потоа исечете ги на плочки и послужете ги топли.
    7. 7.Забелешка: отстрана послужете малку сварен зеленечук или ориз, или пак комбинирајте ги само со салата.