Шарени, весели и многу декоративни, а да не спомнувам дека се и прекрасен додаток на утринското или попладневното кафе! Ние со овие колачиња ги изненадивме нашите пријатели, а сега е ред на вас….
Мермерни колачиња
By January 3, 2013
Published:Шарени, весели и многу декоративни, а да не спомнувам дека се и прекрасен …
Ingredients
- 500 гр брашно тип 400
- 250 гр путер
- 130 гр шеќер во прав
- 1 јајце
- 1 прашок за пециво
- 1 ванилин шеќер
- 2 супени лажици какао
Instructions
1.Добро се матат путерот и шеќерот, а потоа се додава јајцето, брашното, прашакот за пециво и ванилиниот шеќер, и се добро се замесува додека не се добие глатко тесто.
2.Тестото се дели на две половини, едната се трга настрана, а во другата се додава какаото и се меси се додека не се изедначи масата (да стане многу темна).
3.Од двете половини се расукуваат кори, се ставаат една врз друга и се виткаат заедно во ролат. (Ако одоздола се стави темната кора, колачињата ќе излезат темни, со бели шарки, а ако одоздола е светлата кора, колачињата ќе имаат светла основа и темни шарки-што е поубаво, по мене).
4.Од добиениот ролат се сечат кришки (секоја да тежи 13-15 гр) и се валкаат со раце додека не се добие убава кружна форма и додека шарите не се потенцираат. (Колку повеќе ги тркалате во раце, толку повеќе шарите ќе се изедначуваат, така што не треба многу).
5.Добиените топчиња (можете малку да ги сплескате) се редат на тавче од рерна врз хартија за печење.
6.Се печат во загреана рерна, на 180 степени, околу 15 минути.