Еве го нашиот предлог за совршени похувани пилешки стекчиња кои се сочни и мекички, а да не спомнуваме дека не се ни толку масни, бидејќи се печат а не се пржат. Добар апетит!

Мигустовско 4П

By Гастронаутка Published: December 10, 2012

    Еве го нашиот предлог за совршени похувани пилешки стекчиња кои се сочни …

    Ingredients

    Instructions

    1. пресечени стекови1.Ако е потребно, малку исчукајте ги стековите, колку да добијат форма, но да останат дебели. Со остар нож засечете ги странично, така да се добие џепче во месото.
    2. намачкани со кајмак2.Намачкајте ја внатрешноста со една лажичка кајмак, крем сирење или некој млечен намаз по желба.
    3. полнење со шунка3.Одозгора, врз кајмакот, ставете по 1-2 парчиња шунка, сланина, пршута или некое друго сувомеснато по желба.
    4. полнење со кашкавал4.Врз шунката распоредете неколку парчиња тенко исечен кашкавал.
    5. затворање со чепкалки5.Поклопете ги стековите со слободната страна, а потоа убаво затворете ги и прицврстете со 1-2 чепкалки. Добро провалкајте ги во брашно, потоа во јајце во кое сте измешале малку сол, црн пипер и мешан зачин, па на крајот во презла.
    6. подготвено за печење6.Ставете ги стековите во тавче за печење (најдобро некое керамичко), одоколу распоредете ги исечканите компири. Наросете мешан зачин, малку сол, босилек и/или мајчина душичка врз компирите, а потоа се заедно испрскајте го одозгора со малку масло (не треба премногу).
    7. мммм, готово!7.Печете ги во незагреана рерна на 200 степени околу 45-55 минути, или се додека компирите не поруменат.