Ако сте љубител на коктелчиња и имате пријатели кои се исто така љубители на коктели, тогаш оваа машинка е вистинското нешто за вас. Опремена е со четири резервоари кои можат да се наполнат со различни алкохоли и сокчиња, од кои потоа машинката сама прави разно-разни комбинации, па за неколку секунди добивате готов, измиксан коктел.

Инаку, машината распознава 48 различни комбинации, а се што треба вие да направите е да го свртите копчето на онаа опција која најмногу ви одговара: коктелче со повеќе алкохол, коктелче со повеќе сокче и така натаму. Страшно забавно, особено што во суштина никогаш не знаете што ќе добиете. Значи, ако ви е тешко да изберете коктел, или не сакате да губите време во спремање на повеќе коктели кога имате друштво, нарачајте си ја машинкава овде, поставете ја на видно место, и опуштете се! Миксерот за коктели ќе се погрижи потребите и желбите на сите да бидат задоволени!