Вкусен за појадок и лесен за ужина … Милибродот е широко познат, подготвуван и омилен во скоро сите македонските домаќинства. И на мама Лиле и е омилен десерт, па еве една нејзина варијанта….
Милиброд лепеза
By December 28, 2012
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 50 mins
Вкусен за појадок и лесен за ужина ... Милибродот е широко познат, …
Ingredients
- 750 г брашно
- 3 јајца
- 1 коцка свеж квасец
- малку сол
- 4-5 лажици шеќер
- 1 јајце (за премачкување)
- 200-300 мл џем (или суво овошје, смокви, афион....)
Instructions
1.Во пластичен сад, измешајте го брашното заедно со 1 коцка квасец, 3 јајца, 4-5 лажици шеќер, малку сол и млеко онолку колку што е потребно за да се добие не многу меко тесто (околу 200 мл).
2.Тестото намачкајте го со тенок слој масло и оставете го да нарасне околу половина до еден час.
3.Стасаното тесто поделете го на три дела (секој дел тежи околу 450 г) и повторно оставете ги уште десетина минути да се одморат .
4.Секое топче исукајте го во правоаголна форма и неполни 2/3 од кората намачкајте ја со фил по желба (џем, суво грозје, суви смокви или афион).
5.Краевите на кората т.е. останатата 1/3 од кората, засечете ја надолж.
6.Свиткајте ролатот така што исечените делови да се најдат горе.
7.Ролатите ставете ги во тава за печење, обложена со хартија и се оставете да нараснат. Премачкајте ги со јајце и посипете ги со малку шеќер или чурек, сусам...
8.Вака припремените ролати печете ги на 190 степени, околу 20-тина минути или се додека не добие златно-кафена боја.