Права класика, милиброд со цимет. Декоративен колач кој ќе ве постети на детството. Ние искористивме еден стар рецепт, па ако имате и вие некој рецепт од вашата баба слободно можете да ни го испратите.

Милиброд со цимет

By Тетка Биберче Published: March 14, 2013

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 45 mins
  • Ready In: 2 hrs 20 mins

Права класика, милиброд со цимет. Декоративен колач кој ќе ве постети на …

Ingredients

Instructions

  1. Растопен путер1.Растопете го путерот на оган. Во истиот сад, додадете го млеко и сувиот квасец, промешајте и оставете ја смесата околу 10 минути да се одмори.
  2. Матење на јајцата со шеќер2.Јајцата, заедно со шеќерот и екстрактот од ванила, добро изматете ги. Додадете ја и смесата со квасец.
  3. Готово тесто3.Во смесата, постепено додавајте од брашното (во кое претходно сте додале сол) и месете се додека не добиете фина, хомогена смеса.
  4. Нарасното тесто4.Тестото покријте го и оставете го на топло да нарасне (барем 2 до 2 ½ пати повеќе).
  5. Расукано тесто5.На набрашнета површина, расукајте го тестото, со ширина малку помала од тавата за печење, а со должина што повеќе можете.
  6. Цимет и шеќер6.Циметот измешајте го со 60 г шеќер.
  7. Посипано со цимет тесто7.Врз целата површина на тестото, посипајте од циметот и шеќерот.
  8. Ролувано тесто8.Тестото завиткајте го како во ролат и ставете го тава за печење (тавата претходно премачкајте ја со путер).
  9. Тестото треба повторно да нарасне9.Имајте трпение, и оставете го тестото повторно да нарасне. Пред печење намачкајте го си изматена жолчка и наросете малку цимет.
  10. Испечен милиброд10.Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу 45 минути. Оставате малку да се лади и сервирајте го кафе или чај. Добар апетит!