Милиброд можете да направите во безброј варијатни. Денес правам нешто поегзотично, слатко лепче со праски и шмек на коњак. Освен што звучи одлично, вкусот е извореден. Препорака да го приготвите овој рецепт.

Милиброд со праски и коњак

By A.A.З. Published: November 1, 2012

    Милиброд можете да направите во безброј варијатни. Денес правам нешто …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготовка на смесата за милиброд1.Во пластичен сад за готвење, со помош на миксер изматете го путерот со шеќерот. Додадете ги јајцата едно по едно и откако ќе добиете компактна маса додадете ги: брашното, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер и малку сол.
    2. Јогурт и праски2.Праските измијте ги и исечкајте ги на мали парченца. Додадете ги во смесата заедно со јогуртот.
    3. Спремно за печење3.Смесата префрлете ја во плех за печење кој претходно сте го намачкале со путер (или пак сте ставиле мрсна хартија за печење). Печете во загреана рерна на 180 степени околу 50 до 55 минути.
    4. Испечен колач4.Подготовка на преливот: во сад добро измешајте ги шеќерот во прав со коњакот и медот. Кога колачот е испечен, прелијте го со преливот.