Еве уште еден лесен рецепт на нашата драга пријателка Татјана, кој освен како десерт може да ви послужи и како замена за лесен оброк, појадок или вечера. Филот може да биде по ваша желба-мармалад, или џем, замрзнато овошје, мак, еурокрем и се друго што ви е по вкус.
Милиброд
By February 18, 2013
Published:Еве уште еден лесен рецепт на нашата драга пријателка Татјана, кој освен …
Ingredients
- 100 г шеќер
- 2 јајца
- 150 мл млеко
- 70 мл масло
- ½ коцка свеж квасец
- брашно по потреба
- за филот
- џем, мармалад, мак
Instructions
- 1.Се подготвува тесто од сите наведени состојки. Освен жолчката од едното јајце, која се остава за премачкување. Се остава да стаса, и потоа се развлекува во две подебели кори.
- 2.Се мачкаат корите со мармалад или што сакате по желба, повторно се остава да надојде.
3.Со жолчката од едното јајце, се премачкуваат двете ролни, и се остава да се пече.