Мали апни лапни банана крем питички, денешен предлог за нешто блачко. Се подготвуваат набрзина доволен предизвик да засукате ракави и да се направите домашен десерт.

Мини банана крем пита

By A.A.З. Published: November 22, 2012

    Мали апни лапни банана крем питички, денешен предлог за нешто блачко. Се …

    Ingredients

    Instructions

    1. Тесто1.Во пластичен сад, со помош на електричен миксер, изматете го путерот и шеќер се додека смесата не се изедначи. Додадете ванила и прстофат сол. Постепено додавајте од брашно и мешајте.Завиткајте во во фолија и оставете го во фрижидер најмалку 30 минути.
    2. Топчиња од тесто2.Загрејте ја рерната на 170 степени и калапчињата намачкајте ги со путер. Поделете го тестото на 20 подеднакви топки. (Поделете го тестото на половина, а потоа секоја половина на половина и итн.)
    3. Формирање на кошничките3.Топчињата ставете ги во модлите и со помош на палецот притиснете го тестото надолу и да се создаде вдлабување. Печете околу 10 минути. Доколку при печење не се форми длабнатинка, со прст додека се уште топли притиснете повторно.
    4. Наполнети кошнички4.Пудингот од ванила подгответе го според упатството на пакетчето. Со помош на готварски шприц наполнете ги сите кошнички. Одозгора ставете крукче банана и шлаг пена (исто подготвена според упатството на пакетчето).