Мали колачиња, вкусно десертче за со чајче или кафенце. А, може и само онака, да се лапне на проаѓање низ кујна. Без некој повод, но со посебна причина. Вкус кој ве мами и на кој е тешко да се одолее.
Мини чоколадни колачиња
By March 12, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 30 mins
Мали колачиња, вкусно десертче за со чајче или кафенце. А, може и само …
Ingredients
- 3 жолчки
- 150 г шеќер
- 120 путер
- 150 мл млеко
- 150 г брашно
- ½ пакетче прашок за пециво
- 1 пакетче ванила
- 1 лажица какао во прав
- 100 г чоколадо за готвење
Instructions
1.Во поголем сад, со помош на мискер, изматете ги сите состојки за подготовка на мини чоколадни колачиња. Мешајте се додека не добиете фина смеса.
2.Модлите подмачкајте ги со растопен путер и наполнете ги до половина. Печете на 180 степени, околу 15 минути или се додека ништо не се залепи на чечкалицата која сте ја боцнале во тестото.
3.Чоколадо за готвење растопете го на пареа и готовите мини колачиња потопете ги во чоколадото. За декорација, посипете со шеќер во прав.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна