Преслатки крофни наполнети со чоколаден крем по ваша желба се идеален појадок со чаша млеко или за попладневна закуска со кафе. А верувајте, и вашите најмлади нема да можат да одолеат. Уживајте секој ден со рецептите на Мигусто!

Мини крофни со крем

By Тетка Биберче Published: March 16, 2013

  • Prep: 40 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 60 mins

Преслатки крофни наполнети со чоколаден крем по ваша желба се идеален …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во поголем пластичен сад ставете го сокот од еден лимон и шеќерот, добро измешајте ги и оставете ги да отстојат неколку минути.
  2. 2.Во истиот сад додадете го брашното, прашокот за пециво и малку сол.
  3. 3.Во друг сад изматете ги јајцата, додајте омекнат путер, млекото и белото вино, и се убаво измешајте. Смесата додадете ја во смесата со брашното и со виљушка постепено мешајте ги состојките.
  4. 4.Замесете фино и мазно тесто. На набрашнета површина, расукајте го и со модла вадете округли форми. На средината на секоја форма ставете нутела крем (или друг чоколаден крем), па секое парче рачно обликувајте го во форма на топка.
  5. 5.Во сад, ставете да се загрее масло за готвење. Ставете ги топчињата да се пржат се додека фино не заруменат. Испржените крофни наредете ги на кујнска хартија за да се впие маслото, попрскајте ги со шеќер во прав и послужете ги.