Еве уште еден рецепт идеален за прослави, собиранки, или едноставно само за излегување од монотонијата. Едноставна, лесна, и супер вкусна верзија на лазањи!
Мини лазања залачиња
By January 18, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 45 mins
Еве уште еден рецепт идеален за прослави, собиранки, или едноставно само …
Ingredients
- 8 листови лазања (сварени, ама не премногу)
- 300 г спанаќ
- 420 г рикота (може и урда)
- 80 г рендан пармезан
- 1 јајце
- 1 чешне лук (истолчен)
- 300 мл кечап или сос од домати
- 50 г моцарела (рендана)
- малку сол
- малку зачини по избор
- неколку чепкалки за заби
Instructions
1.Запалете ја рерната да се грее на 180 степени. Спанаќот исчистете го, обарете го кратко и добро исцедете го. Во подлабок сад измешајте ја рикотата, спанаќот, јајцето, лукчето, зачинете со сол и пипер (може и други зачини) по желба.
2.Претходно обарените кори за лазањи наредете ги на рамна површина, а потоа врз секоја нанесете од смесата. Немојте да ставате блиску до ивиците за да не ви се растече при печењето. Потоа, секоја кора замотајте ја во ролничка и пресечете ја на половина.
3.Добиените ролнички наредете ги во тавче врз хартија за печење.
4.Врз секоја капнете по половина кафена лажичка кечап или доматен сос и посипете маку рендана моцарела, или рендан кашкавал по избор. Добро покријте го тавчето со алуминиумска фолија и печете во загреаната рерна околу 20-тина минути.
5.Пред служење, во секое залаче забодете по една чепкалка. Важно: можете да ги подготвите и да ги замрнете пред печењето. Кога ќе ви затребаат, не треба да се одмрзнуваат, само ставете ги да се печат на 200 степени околу 30 минути.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна