Овие мини мафини се адаптација на „Мадлени“ (Madeleine) – традиционални француски колачиња кои имаат форма на школки. Во недостиг на такви калапчиња, рецептот го адаптиравме и добивме вкусни и освежителни колачиња со вкус на ванила и лимон.

Мини мафини - мадлени

By Лилјана Андреева Published: September 29, 2012

    Овие мини мафини се адаптација на „Мадлени“ (Madeleine) – традиционални …

    Ingredients

    Instructions

    1. Кујнска машина за мешање на состојките1.Во кујнска машина (сецко) се става шеќер, сол и 3 јајца и се мати се додека смесата не стане бела. Потоа се додава омекнатиот путер, добро се промешува и се додава брашното во кое е измешан прашокот за печење и рендана кора од 1 лимон.
    2. Готова смеса2.Се препорачува да НЕ се додаде одеднаш целото брашно туку во неколку порции и при тоа смесата треба да се меша бавно. На крајот се додава млекото и добро се хомогенизира. На овој начин се добива густа смесата, а не тесто.
    3. Подмачкување на модли3.Смесата се остава ½ до 1 час во ладилник, а потоа од неа со помош на лажица се става во подмачкани со масло модли за мафини, ако модлите се силиконски тогаш не е потребно да се подмачкуваат.
    4. Модли спремни за полнење4.Модлите не смее да бидат наполнети до горе, треба да се остават празни околу 1/3 затоа што мафините многу нараснуваат, па може да се прелеат.
    5. Испечени колачиња5.Модлите се ставаат во загреана рерна на 190 С и се печат околу 15 минути.