Кујната на Мигусто повторно замеси нешто интересно за вас. Мали залачиња за прави гурмани мераклии на домашно тесто. Во овој случај со месо, а вие можете да приготвите и варијанта со сирење, спанаќ или со нешто сосема трето.

Мини месни пити

By Тетка Биберче Published: November 14, 2012

    Кујната на Мигусто повторно замеси нешто интересно за вас. Мали залачиња …

    Ingredients

    Instructions

    1. Нарасното тесто1.Во подлабок сад ставете ги сите состојки за подготовка на тестото. Месете се додека не добиете мазно, компактно средно-меко тесто. Оставете да нарасне убаво (да добие барем 2,5-3 пати поголем волумен) а во меѓувреме подгответе го филот.
    2. Запржено месо2.Лукот, младиот кромид и кромидот исечкајте ги на ситни парченца. Во тава, на оган, на малку масло за готвење запржете ги. Зачинете по желба, додадете го и меленото месо и готевет околу 5 минути.
    3. Вадење на крукчиња3.Стасаното тесто расукајте го со дебелина од околу 3 мм. Со калап (или чаша), од целото тесто, вадете крукчиња.
    4. Полнење на крукчињата со фил4.Наполнете ги крукчињата со една лажица од филот, со вода намачкајте ги краевите и со друго крукче поклопете ги. Со виљушка притиснете ги краевите за добро да се залепат двете крукчиња.
    5. Испечени мини пити5.Мини питите премачкајте ги со изматено јајце. Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15 до 20 минути или се додека не добијат убава кафено-златна боја.