Тиганица, питулица, мекица или едноставно прженица. Со или без јогурт, малку сирење или кашкавал, сланина и совршен појадок… или вечера… или закуска…

Мини прженици

By А.З. Published: September 6, 2012

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 30 mins

Тиганица, питулица, мекица или едноставно прженица. Со или без јогурт, …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на тесто1.Во пластичен сад, со помош на мискер, изматете го јајцето заедно со јогуртот. Додадете брашно, прашок за пециво, сол, шеќер и маслиново масло. Постепено додавајте и вода за да добиете меко тесто (доколку тестото ви е премеко, слободно додадете неколку лажици брашно).
  2. Форми од тесто2.Работната површина набрашнете ја и расукајте го тестото со дебелина од околу 4 мм. Намачкајте го со малку масло и оставете го да се одмори 15 минути. Со стаклена чаша која претходно сте ја набрашниле, вадете кругчиња.
  3. Пржење на тесто3.Во поголем сад за готвење, загрејте масло за готвење. На добро загреано масло, пржете ги кругчињата неколку минути се додека не добијат фина златна боја. Оставете ги на кујна хартија за да се исцеди вишокот маснотија.
  4. Сервирани мини прженици4.Сервирајте ги топли или ладни, во комбинација со сирење, домат, пиперки и некој омилен сос.