Тешко ми е да најдам соодветни зборови со кој би ви ги опишала овие совршено вкусни мини крофни а без да нагласам дека се подготвуваат многу брзо, многу едноставно, не се пржат, декоративни се и пред се, превкусни се….
Мини шеќерни крофни
By September 16, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 30 mins
Тешко ми е да најдам соодветни зборови со кој би ви ги опишала овие …
Ingredients
- 280 г брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 240 мл млеко
- 120 мл масло за готвење
- 100 г шеќер
- 120 г путер (или маргарин) (за валкање на крофните)
- 120 г шеќер (за валкање на крофните)
- 1-2 кесички ванилин шеќер (за валкање на крофните)
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 180 степени. Малите калапите за колачиња премачкајте ги со масло и набрашнете ги за на не се залепат крофните.
- 2.Во подлабок сад, со миксер, изматете ги сите состојки потребни за подготовка на мини крофните.
- 3.За полесно да ги наполните калапите, смесата префрлете ја во кеса за замрзнување, исечете го крајот (налик на готварски шприц) и наполнете ги калапите (отприлика до пола).
- 4.Печете ги околу 10 минути или се додека не добијат златно-кафена боја.
- 5.Во меѓувреме, стопете го маргаринот или путерот. Во друг сад измешајте го шеќерот заедно со ванилиниот шеќер.
- 6.Секоја крофна, потопете ја во маргаринот, потоа извалкајте ја во шеќерот и сервирајте ги. Добар апетит!
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна