Пред некој ден си купивме нова книга кувар и првото нешто кое си ветивме дека ќе го пробаме е токму ова. Торта Мисисипи која излезе феноменално. Ви гарантираме ќе има и нови рецепти, зошто куварчето е прекрасно.
Мисисипи торта
By July 4, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 60 mins
- Ready In: 1 hr 20 mins
Пред некој ден си купивме нова книга кувар и првото нешто кое си ветивме …
Ingredients
- 270 г брашно ( меко тесто)
- 2 лажици какао во прав ( меко тесто)
- 150 г путер ( меко тесто)
- 2 лажици шеќер во прав ( меко тесто)
- 1-2 лажици ладна вода ( меко тесто)
- 1 јајце ( меко тесто)
- 250 мл павлака за готвење (фил)
- 170 г путер (омекнат) (фил)
- 250 г кафеав шеќер (фил)
- 4 јајца (фил)
- 4 лажици какао во прав (фил)
- 150 г темно чоколадо (фил)
- 3 белки (или 300 до 400 мл слатка павлака)
- 8-9 лажици шеќер
Instructions
1.Измешајте го брашното, какаото и шеќерот во прав. Додадете го исечканиот путер, јајцето и малку водата и месете се додека не добиете фина смеса. Завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер барем 1 час.
2.Одмореното тесто, расукајте го во кружна форма, малку поголема од калапот за печење.
3.Калапот за печење добро намачкајте го со путер. Со помош на сукало, префрлете го тестото врз калапот.
4.Отстранете го вишокот тесто од страните, но сепак оставете малку повеќе тесто бидејќи при печење се собира. Со виљушка, избоцкајте го за да не нарасне при печење.
5.Во загреана рерна, на 190 степени, печете го тестото 15 минути. Во меѓувреме, подгответе го филот.
6.Фил: со миксер, изматете го омекнатиот путер заедно со шеќерот.
7.Додадете ги јајцата, едно по едно и матете се додека не се соедни смесата.
8.Накрај, додадете ја павлаката за готвење и растопеното темно чоколадо, какаото и матете се додека не добиете фина смеса.
9.Подготвениот фил истурете го врз топлата испечена кора и печете ја тортата околу 45 минути на 130 степени.
10.Белките изматете ги со малку сол. Додавајте го шеќерот и матете се додека не добиете густ шлаг. Шлагот, со лажици, ставајте го врз испечената и добро оладена торта.
11.По желба, наместо шлаг од белки, можете да изматите и слатка павлака.
12.Тортата оставете ја да се олади, пресечете ја, наросете малку рендано чоколадо и сервирајте ја. Добар апетит!