Неодамна имавме гости од Србија и не потсетија на еден помалку заборавен рецепт типичен за овие балкански простори. Направивме феноменални млинци со мисиркино месо и воопшто не погрешивме.
Млинци со месо од мисирка
By January 8, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 50 mins
Неодамна имавме гости од Србија и не потсетија на еден помалку заборавен …
Ingredients
- 150 г млинци
- 500 мл вода (врела)
- 1 коцка пилешка супа
- 200 г мисиркини гради
- малку маслиново масло
- малку сол, црн пипер,вегета
- 200 мл павлака за готвење
- 200 мл кисело млеко (може и јогурт)
- 100 г кашкавал (пармезан, пекорино..)
- малку власец или магдонос
Instructions
1.Месото исечкајте на мали парченца и запржете го на малку маслиново масло. Зачинете со сол, црн пипер и вегета.
2.Млинците искршете ги на парченца и ставете ги во сад.
3.Во врелата вода ставете коцка супа и прелијте ги искршените млинци. По една минута, исцедете ги, но зачувајте малку од течноста.
4.Во тавата за печење, измешајте ја павлаката со киселото млеко. Додадете го и испрженото месо, зачинете и измешајте.
5.Во садот, додадете ги и попарените млинци и добро промешајте.
6.Одозгора истурете малку (три до четири лажици) од течноста и наросете рендан кашкавал.
7.Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути или се додека не испари целосно течноста. Наросете малку власец и сервирајте. Добар апетит