Изборот на квалитетни состојки е еден од главните услови за вкусен оброк. Направивме млинци со спанаќ и Битолско сирење, и сето ова прелиено со Битолски јогурт и павлака. Совршенство. Рецепт кој мора да го пробате. Добар апетит.

Млинци со спанаќ и сирење

By Тетка Биберче Published: January 15, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 40 mins

Изборот на квалитетни состојки е еден од главните услови за вкусен оброк. …

Ingredients

Instructions

  1. Искршени млинци1.Готовите парчиња млинците искршете ги на парченца и ставете ги во сад.
  2. Млинци прелиени со вода2.Загрејте 500 мл вода и со неа прелијте ги искршените млинци. Откако ќе омекнат, (околу 1 минута), исцедете ги и тргнете ги настрана.
  3. Обарен спанаќ3.Спанаќот обарете го, исцедете го и исечкајте го.
  4. Мешање на јогуртот, павлаката и спанаќот4.Во тавата за печење, измешајте ја павлаката со киселото млеко. Додадете го и обарениот спанаќ и добро измешајте.
  5. Зачинување и додавање на дробено сирење5.Во истата тава додадете и дробено сирење, зачинете и повторно промешајте.
  6. Додавање на млинци6.Во садот, додадете ги и попарените млинци.
  7. Спремно за печење7.Одозгора истурете малку (три до четири лажици) вода и наросете дробено сирење.
  8. Испечени млинци8.Печете на 200 степени, околу 30 минути или се додека не испари целосно течноста. Добар апетит