Нели изгледаат прекрасно? Е да, само што ќе ви треба малку повеќе време за да ги направите. Значи, потребни ви се повеќе бои и голем број на обични гумени ластичиња. Постапката е следна: ставете го јајцето во садот со најсветлата боја (мора да почнете со најсветлата, како на пример жолта), почекајте да се обои, а потоа оставете го настрана додека бојата не се исуши убаво. Кога ќе биде суво, замотајте неколку гумени ластичиња (тенки) околу јајцето, но внимавајте да остане доволно од првата боја меѓу ластичињата, и спуштете го во следната најсветла боја (пр. портокалова). Повторно убаво исушете го, па замотајте други ластичиња и повторно спуштете го јајцето во третата најсветла боја (пр. црвена), и така натаму се додека не ги искористите сите бои и додека убаво не се замачкате во рацете. Па нели е тоа дел од забавата??? Уживајте :)