Кога ви се јаде нешто благичко, а немате многу време за во кујна, Вања ги препорачува токму овие како што самата вели многу сочни мафини. И брзо и вкусно. Добар апетит.
Многу сочни мафини
By October 22, 2013
Published:Кога ви се јаде нешто благичко, а немате многу време за во кујна, Вања ги …
Ingredients
- 85 г брашно
- 40 г какао
- 150 г кафеав шеќер
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- прстофат сол
- 100 мл слатка павлака
- 1/2 лажичка течна арома од ванила
- 50 г путер
- 1 јајце
- 50 мл јогурт
- 12 парченца слатко од тиква, лубеница, или 12 коцки чоколадо или малку Нутела (по желба)
Instructions
- 1.Се вклучува рерната на 180 степени.
- 2.Во длабок сад се матат сите состојки. Во калап за 12 мафини се поставуваат хартиени кошнички, во секоја се става до пола од смесата па калапот се става во рерната.
- 3.По десетина минути се вади калапот, се става од парченцата од слатко, чоколадо или по малку Нутела, се прелива остатокот од смесата и се пече уште околу 20-тина минути.
- 4.Одозгора се посипуваат со шеќер во прав или цимет.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна