Кој вели дека јајцата мора да бидат обични и неинтересни? И дека постојано мораат да ја имаат вообичаената форма? Да знаете дека не мора. Можете, на пример, да си набавите пар вакви пластични модлички (ги има на оваа адреса), а потоа се што треба да направите е да сварите некое јајце, да го излупите и да го ставите во модлата. Само ќе ја затворите модлата, и после некое време си добивате варени јајца во форма на срциња или колички. Замислете само колку ќе се радуваат вашите малечки ако им сервирате некое вакво јајце.

И колку декоративна ќе изгледа секоја салатка или ордевер што ќе го збогатите на овој начин? Едноставно, а супер ефективно, нели?