Ако сте како мене – не ви оди од рака месењето, па дури и ви е непријатно да ви се залепи тестото по прстите, особено околу ноктите, не грижете се -овој рецепт е вашиот спас, бидејќи ако ги следите внимателно упатствата и нeма шанси да не успете да ги израдувате Вашите дегустатори.
Оние искусните, верувам со мижење да успеат во подготовката, но гарантирам дека секому ќе му бидат успешни пецивата. Јас од неодамна имам и нова алатка за месење, па така го надминав и непријатното чувство од залепено тесто по прстите.“ – И благодариме на нашата пријателка Валентина Крстевска за овој прекрасен рецепт.

Моите најубави кифлички - кроасани

By Валентина Крстевска Published: February 1, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 2 hrs 20 mins

„Ако сте како мене - не ви оди од рака месењето, па дури и ви е непријатно …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Маргаринот поделете го на 8 еднакви делови и оставете го на собна температура. Во топлото млеко додајте малку шеќер,брашно па во тоа оставете го квасецот на топло да стаса.
  2. 2.Сите состојки ОСВЕН брашното ставете ги во длабок сад за месење, промешајте ги со дрвена лажица, па почнете малку по малку да додавате од брашното. Се' додека можете, мешајте со лажицата, а потоа месете со рака. Од моментот кога од тестото ќе успеете да обликувате убаво еднолично тесто во топка која не се лепи по прстите, месете уште 10-15 минути. ПРЕПОРАКА - за тоа време, јас го удирам тестото околу 30-40 пати од садот за месење, на тој начин станува нежно како свила, сосема е различно од претходно. Покријте го садот и оставете го околу 1 час да стаса.
  3. 3.Тестото поделете го на 2 дела, а секој дел уште на 5 еднакви топчиња (ако ви е полесно, мерете на вага), па од секој дел размесете коричка со пречник околу 20-тина сантиметри. Осум од коричките премачкајте со маргарин, две оставете непремачкани, па наредете една врз друга на две места по 4 премачкани корички, а одозгора петтата непремачкана. На две рамни чинии поставете ги купчињата од тесто и оставете ги во фрижидер 10-20 минути.
  4. 4.Превртете ги купчињата со корички на работната површина, рассукајте колку што можете потенка кора (пожелно е со пречник околу 50см). Не грижете се ако не ви успева да бидете мајстор во сукањето на корите, овде тестото „работи“ за вас. Исечете го тестото на триаголници, замотајте од нив кроасани, поставете ги на тавата за печење, прекријте ги со крпа и оставете ги да стасуваат околу 40-тина минути.
  5. 5.За тоа време загрејте ја рерната на 220 степени. Кога ќе го поставите тавчето во рерната веднаш намалете ја температурата на 200 степени, печете така десетина минути, па повторно намалете ја температурата, сега на 160-180 степени. Вкупното време за печење треба да е 20 минути и за тоа време 2 пати премачкајте ги со засолена вода. Доколку не сакате реш печено пециво, прекријте ја тавата одозгора со хартија за печење.
  6. 6.По печењето уште еднаш премачкајте ги со солена вода и доколку не сакате да бидат крцкави, прекријте ги одозгора со хартијата за печење и крпа. Јас не ги покривам,бидејќи ни се допаѓаат крцкави.
  7. 7.Препорака- заклучете ја влезната врата додека уживате во пецивата со најблиските. :)