Одличен напиток за загревање и будење. Само внимавајте, ако сте многу сонливи, не е лошо да ја зголемите малку дозата на кафе. На здравје!
Мока со бело чоколадо
By March 6, 2013
Published:Одличен напиток за загревање и будење. Само внимавајте, ако сте многу …
Ingredients
- 300-350 мл млеко
- 90 г бело чоколадо
- 2 супени лажици инстант кафе/нескафе
- 1 кафена лажичка ванилин шеќер
- малку слатка павлака (за декорација)
- малку какао (за декорација)
Instructions
- 1. Загрејте го млекото во мало тенџерче додека не почнат да се формираат меурчиња (ама да не зоврие).
- 2.Ставете ги останатите состојки во блендер. Додадете го жешкото млекото и мешајте со блендерот додека смесата не се изедначи. Декорирајте со малку слатка павлака и какао.