Она што најмногу ме нервира кога готвам е бројот на садови што морам да го употребам за да спремам нешто. Ми треба најмалку една даска за сечкање, една до две чинии во кои стојат месо, зеленчук и слично, едно тенџере, една цедалка и барем 3-4 лажици, ножици и останати слични нешта. Додуша, машината за садови врши многу работа, не е дека не, ама ако имате мала машина како мојата (заради заштеда на простор, нели?), тогаш едноставно не можеш да ставиш во неа се што сакаш, а да не спомнувам па кога воопшто немаш ваква машина.

Особено се нервирам со цедалките да ви кажам. Многу се големи, гломазни и фаќаат место, па ретко ги ставам во машина. А искрено, ми се смачи од миење на раце…. Друга работа е што е многу незгодно да исцедиш нешто директно од тенџере или тавче без да користиш цедалка. Обавезно нешто паѓа, или не можеш до крај да исцедиш водата или се случува некој друг хаос. Заради сето ова, кога налетав на оваа монтажна цедалка, просто полудев од среќа. Па замислете ќе ве молам, мало е, меко, не фаќа место и можеш да го пикнеш кај сакаш. Второ, се монтира на секое можно тенџере или тавче или сад или што и да сакате, па цедењето се претвора во наједноставната работа на светот.

Со други зборови, ова е нешто што навистина вреди да си го имате во кујната!

П.С. Можете да си го набавите тука!