Екологијата е во тренд! И тоа како! Сигурна сум дека и вие сте свесни за се поголемата загриженост за нашата околина, и тоа на глобално ниво! Па земете само дека неколку земји во светот веќе воведоа или се во процес на воведување на данок за јаглерод диоксид (да се намали загадувањето на околината)!

Ние, додуша, сме сеуште далеку од тоа, што не значи дека не можеме да започнеме со малите работи, како на пример фрлање на ѓубре само на одредените места и слично. И кога сме веќе кај ѓубрето, и бидејќи сме среде сезоната за пикници, излети, скари и слични активности, еве нешто што навистина мора да ви стане “задолжителен“ реквизит. Ова хмммм…..ќе го наречам монтажно огниште, има неколку предности. Прво – можете да си направите логорски оган каде сакате (дури и во сопствениот двор или на тераса). Второ – ќе ја заштитите околината,  трето – се расклопува па можете да си го земете без да му се секирате премногу дека ќе ви фаќа место и четврто – сигурно ќе го оставите вистинскиот впечаток како “кул“,“ин“, и “тренди“ фраери. Не чекајте, набавете си го овде!