Лилјана Илиева ни испрати рецепт за овој прекрасен, едноставен и лесен за спремање чоколаден крем т.е. мус ….
Мус од чоколадо- Mousse au chocolat
By February 25, 2013
Published:Лилјана Илиева ни испрати рецепт за овој прекрасен, едноставен и лесен за …
Ingredients
- 200 г чоколадо за готвење (пожелно е со 70% какао)
- 5 јајца
- 100 г шеќер
- 125 мл слатка павлака
- 2 ванили
- прстофат сол
Instructions
- 1.Чоколадото искршете го на поситни парчиња и стопете го на пареа. Водете сметка да садот во кој што ке го топите чоколадото не се допира со водата, бидејќи чоколадото ќе ви се згрутчи.
- 2.Одвојте ги белките од жолчките во посебни садови.
- 3.Белката изматете ја со 80 г шеќер и прстофат сол во цврст беланец.
- 4.Изматете ја и слатката павлака.
- 5.Жолчките изматете ги со 2 лажици врела вода и остатокот од шеќерот ( 20 г)и додадете ја ванилата. Ставете го садот над пареа и матете околу 5 минути додека добиете кремаста смеса - не смеете да дозволите да ви се свари жолчката.
- 6.Во садот со жолчките додадете ја стопената чоколада и мешајте да стане еднолична смеса.
- 7.Додадете ја изматената слатка павлака и лесно измешајте.
- 8.Сега на крај се додава беланецот кој внимателно го вмешувате во добиената претходна смеса, не ја мешајте смесата со кружно мешање туку со жицата префрлувајте ја од едната на другата страна. Ова е потребно за да ви остане пенеста и воздушеста кремата.
- 9.Префрлете ја кремата во садови кои вие ќе си ги изберете или во еден сад.
- 10.Оставете во фрижидер околу 5 часа за да се стегне...
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна