Рецепт за шарено колаче кое ни ги испрати нашата читателка Марија Беровска. И ние го направивме и се уверивме дека освен што изгледа одлично има прекрасен вкус. Препорака и вие да го пробате…
Мраморни коцки
By December 5, 2012
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 45 mins
Рецепт за шарено колаче кое ни ги испрати нашата читателка Марија …
Ingredients
- 300 г брашно
- 3 јајца
- 200 г шеќер
- 200 г путер (омекнат)
- 200 мл млеко
- 15 мл рум
- 30 г какао во прав
- ½ кесичка прашок за пециво
- малку екстракт од ванила
Instructions
- 1.Во подлабок сад ставете го омекнатиот путер, шеќерот и жолчките и матете со миксер се додека не добиете густа и пенлива смеса. Потоа додадете ја ванилата, румот и млекото и мешајте се додека не добиете хомогена смеса.
- 2.Постепено, намалувајќи ја брзината на миксерот додавајте од брашното во кое претходно сте го измешале прашокот за пецивото. Белките изматете ги со жица и додадете ги во смесата мешајќи со лажица.
- 3.Подготвената смеса поделете ја дели на два дела. Во првата, жолтата смеса ставете екстракт од ванила а во другата додадете од какаото, кое претходно сте го раствориле со неколку лажица млеко (да биде течно).
- 4.Во правоаголна тава намачкана со маргарин, посипанана со шеќер и брашно, со лажица се ставајте наизменично од жолтото и кафеавото тесто, сè додека не се потрошат двете смеси.
- 5.Вака подготвениот колач ставете го во рерна загреана на 180C со употреба на вентилаторот и печете 25-30 минути.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна