Ако мислевте дека даската за сечење има само една намена, а тоа е да служи како подлога за сечење нели, тогаш еве го вистинскиот момент да го промените мислењето. Овој интересен концепт на холандското дизајнерско студио ОООМС можеби не е погоден за секого, но сигурно е дека добро изгледа :), а плус можете и малку да си играте со него.

Имено, се работи за даски за сечење кои се во форма на парчиња од слагалица па можат да се спојуваат една со друга, а освен тоа можете да ги користите и како згодни држачи за вински чаши. Значи, ако љубите да си седите пред телевизор, и да уживате во омилената серија или филм со нешто за грицкање и чаша добро винце, тогаш пробајте ја оваа даска.

Се прашувам само што ќе се случи ако посегнете да ја спуштите на масата (заедно со чашата). Во секој случај, и да не ја користите даската за ваква намена, сигурно ќе ја користите за сечкање, така што практично и нема утка. Инаку, можете да си ја набавите овде, а чини само 26 долари :).